XAMA

Здружение за развој и афирмација на класична и клиничка хомеопатија

Кои болести се лечат со хомеопатија

homeopathy

Хомеопатијата е холистички начин на лекување на заболувањата. Тоа значи дека таа се грижи за целосното здравје на човекот. За да го објасниме ова прашање, најпрво малку ќе позборуваме за класичниот медицински пристап кон лекувањето на заболувањата.Во класичната медицина, терапискиот напор е усмерен кон лекување на констатирана болест во организмот.

Болеста се класифицира како опеделена дијагноза, која е предмет на лекување од страна на класичниот лекр. При тоа, не се води сметка за целовитоста на здрвствената состојба на организмот односно за останатите симптоми кои секогаш постојат и се различни за секој пациент.

Најчесто кога одите на лекар и се пожалите на некоја конкретна тешкотија, на пример тешкотии поврзани со срцебиење, лекарот детално ќе го испита кардиоваскуларниот систем, со помош на различни тестови, ќе ви постави дијагноза, и потоа ќе препише лек кој е насочен кон лекување на поставената дијагноза односно на доминантниот симптом, во случајот срцебиењето. На овој начин, за секоја дијагноза се препишува по еден или повеќе лекови, кои пациентот ги зема за да се дојде до излекување на таа болест. Но ако споредиме повеќе пациенти кои имаат иста дијагноза, ќе заклучиме дека покрај обично сличниот основен симптом според кој се поставува дијагнозата, различните поединци имаат и мноштво други симптоми кои се разликуваат од еден до друг пациент. Ова помеѓу другото е и затоа што различните поединци имаат сосем различна телесна и духовна конституција, потекло, образование, работни и животни навики и т.н. Практично, секој организам е единствена и неповторлива креација која се разликува од сите останати од истиот вид. Затоа и секоја медицинска метода, која се обидува да го поистовети терапискиот пристап преку класификација на заболувањата со помош на диајгнози, кои потоа повлекуваат ист третман кај секој поединец кај кого се постави истата дијагноза, ќе се соочи со огромни потешкотии во терапискиот пристап, а на штета на пациентот, едноставно поради тоа што секое заболување е посебно и единствено, токму така како што се единствени и луѓето каде заболувањето се појавува.

Кај секој пациент постојат мноштво на симптоми кои се директно или индиректно поврзани со основната дијагноза, а некои се и со сосем различно потекло. Ако лекарот сака да ги лекува и тие симптоми, е принуден да препише повеќе поодделни лекови. Со време, како тешкотиите се зголемуваат, расте и бројот на препишани лекови, така што особено кај постарите луѓе, треба да се применат понекогаш и по пет или повеќе лекови истовремено. Тоа создава состојба на т.н. полипрагмазија, и како таква е поврзана со бројни интеракции и несакани ефекти на вака комбинираната терапија. Многу често, за да избегне полипрагмазијата лекарот е ставен во позиција да ги игнорира полесните симптоми кај пациентот, кои во одделни случаи се и многубројни. Но бидејќи секоја болест во организмот на човекот го зафаќа целиот организам, таа не може да биде излекувана ако не бидат третирани сите нејзини симптоми. Оттука и многуте недостатоци на ваквиот парцијален пристап во лекувањето на заболувањата. Прво, потребнo е истовремено користење на повеќе лекови. Натаму, поради нивната хемиска природа, лекувањето е сврзано со многу контраиндикации, појава на токсичност, алергиски ракции, благи и сериозни нуспојави во текот на лекувањето.Едновремената употреба на повеќе лекови многу често доведува до тешки и непредвидили интеракции помеѓу лековите во организмот што резултира со тешки последици по здравјето кои е неможно да се предвидат. Посебна потешкотија на ваквиот пристап се состојбите каде се сменуваат смалена или зголемена функција на некој орган и органски систем (пример за ова е состојба каде на пример крвниот притисок е час превисок, час пренизок, или срцето час работа пребрзо, час преспоро)

Хомеопатскиот пристап во лекувањето на заболувањето е многу поразличен. Во хомеопатијата не постои класифицирање на болестите на дијагнози, туку секој поединечен случај на болест се анализира од старна на хомеопатот во неговата целовитост, единственост и посебност. За хомеопатот, секој нов случај на заболување претставува нова и единствена болест, која кај човекот се појавила како единствена патолошка состојба, различна од сите други дотогаш, и која тој точно може да ја согледа, разоткрие и анализира, и да пронајде соодветен лек за неа, единствено преку целовитоста на нејзините симптоми и манифестации преку кои таа болест се манифестира. На тој начин, всушност тој го “чита“ растројството на виталната сила на пациентот, кое е единствено одговорно за напуштањето на состојбата на здравје кај пациентот и појава на болест кај него. Тоа значи дека се важни и најмалите поединости околу заболувањето, причините за неговата појава, конституцијата на пациентот, неговото потекло и здравствената состојба на неговите биолошки предци, односно се регистриррат буквално сите симптоми преку кои се манифестира таа болест како и факторите што ја поддржуваат и засилуваат. Потоа, од списокот на хомеопатски лекови, кои се докажани до денес, по однос на нивното дејство врз здрави доброволци, со метод на реперторизација ( избирање на лекот според постоечките симптоми во конкретниот случај), се избира еден и единствен хомеопатски лек, кој одговара на конкретната болест кај конретниот пациент. Овој единствен лек, за секоја конкретна болест ги покрива и опфаќа сите актуелни симптоми на болеста. Затоа хомеопатскиот лек не лекува некаква дијагноза кај пациентот, туку во исто време го лекува целиот негов организам,сите постоечки симптоми, растројства и патолошки состојби, со еден збор - самиот човек. Во оптимален случај, ефектот на ваквото лекување пациентот го преопзнава по повлекување на сите тешкотии и симптоми заради кои се јавил на лекар. Во исто време тој одлично и непогрешиво доживува осет на повраток на неговото здравје во сите негови аспекти: психички, емотивни, општи и телесни. Хомеопатскиот лек не претставува хемиски лек, ами таканаречен динамичен лек, кој претставува само енергетски запис на материјалниот извор од кој е подготвен хомеопатскиот лек. Истиот делува директно и единствено врз виталната сила на пациентот, која пак од своја страна предизвикува биолошки ефект врз организмот. При правилно избран хомеопатски лек, кој е даден во определени временски интервали и со определена моќ (потенција), набрзо настапува промена на болната состојба во правец на настапување на здравје. Хомеопатскиот начин на лекување не е поврзан со токсичност, несакани ефекти од лекот, алергии ниту било какви компликации од лекувањето.

Бидејќи секоја болест, па и оние најтешките започнуваат во виталната сила на пациентот, и како такви тие најпрво се презентираат со сензации, и осети кои пациентот непогрешливо ги чувствува, и заради кои впрочем и се јавува да побара помош од лекарот, најдобро време за излекување на секоја болест е токму фазата кога болеста се манифестира на ваков начин, а сеуште нема предизвикано органски промени и растројства во материјалнотот тело на организмот. Во класичната медицина, оваа фаза на болесат најчесто се препознава како тегоби “на нервна база“ од психогено потекло, неуроза или слични ентитети, кои треба да го смират лекарот и пациентот, бидејќи со медицинската технологија и покрај деталните испитувања, не биле пронајдени материјални промени на организмот. Оваа фаза на болеста е фаза во која пациентот е болен, но лекарот не препознава дијагноза односно материјална болест. Тогаш најчесто ќе бидат препишани витамини, седативи, анксиолитици и тн.,кои всушност со својот инхибиторен ефект врз нервниот систем за кратко време ќе ја смалат чувствителноста на организмот и ќе доведат до подобрување на тешкотиите на кои се жали пациентот.Но после извесно време, секогаш следи втората материјална фаза на болеста, кога таа ќе се материјализира и ќе се оформи во вид на сега органска болест на локација која е во зависност од конституциската склоност на пациентот согласно со неговата конституција. Така тогаш веќе се констатира дека се јавила хронична болест на белите дорбови, гастроинтестиналниот тракт, метаболизмот, срцето или на било кој органски систем. Во оваа фаза веќе постои голем проблем истата да се излекува на било каков класичен или хомеопатски начин.

Затоа е најдобро, болеста да се уништи и радикално излекува со помош на хомеопатскиот метод во нејзината рана фаза, кога таа се манифестира само преку сензации и осети кај пациентот, но сеуште не дошло до нејзина материјализација. На овој начин со огромна ефикасност хомеопатијата се справува се секој вид на потешкотии кои се јавиле кај пациентот. Во пракса, со хомеопатија можат да се излекуваат различни видови на психички, психосоматски заболувања и растројства, нарушување на здравјето по однос на нормалните животни активности како што се несоници, раздразивост, замор, нервоза, страв, сексуални дисфункции, хронични симптоми, како кашлици, катари на разни органски системи, акутни и хронични болни состојби на сите органски системи, нарушувања на рамнотежата, вртоглавици, нестабилност, разни осети на преголем студ преголема жештина на телото. Практично не постои болест каде хомеопатијата нема ефект. Крајниот исход на лекувањето зависи од многу фактори.

Поволни фактори за излекување се:

  1. Рана фаза на заболувањето кога сеуште не дошло до материјализација на болеста;
  2. Јака витална сила на пациентот (помлада возраст);
  3. Претходно некористење на супресивни тераписки постапки на класичната медицина (антибиотици, седативи, кортикостериодна терапија, аналгетици и други јаки хемиски лекови).

Обратно, колку претходните фактори се посилни, хомеопатскиот третман ќе биде проследен со посериозни потешкотии и ќе биде помалку успешен. Но дури и кај неизлечивите болести кои неминовно завршуваат со смрт на пациентот како што се терминалните фази на малигните болести хомеопатското лекување овозможува отстранување на тешките симптоми како што се болките и слични состојби кои преостанатиот живот го прават неподнослив. Кај помалку сериозните состојби одлични ефекти можат да се постигнат кај. Алергиски заболувања на респираторниот систем, поленски кијавици, гастроинтестинални заболувања како што се гастрити, чир на желудник и дванаестопалачно црево, хиперацидитет, повраќање, цревни растројства, грчеви и пролив, опстипација и тн.

Функционални растројства поврзани со тегоби пред, во тек и после менструација како што се менопаузните синдроми пратени со жештини потење, срцебиење, главоболки и тн., предменструалниот синдром, инфекции на уринарниот систем, нарушување на актот на мокрење како што се ноќно мокрење кај деца, мускулни и коскени заболувања, болки од различен карактер, разни синдроми на вртоглавици, замор, малаксаност, инфекции на грлото, бронхиите и дишниот систем, неврози, депресивни растројства и други полесни душевни растројства, повреди од механичко и психичко потелко, состојби на тага, губиток на сакана личност, исто така тешкотии заради стари повреди од психички и физички карактер како на пр. болки зрадаи сообраќајка од пред 20 години.Разни облици на асоцијално однесување и конфликти во семејството и останатата средина, и многу други болни состојби. Хомеопатската терапија е незаменлива помош на лекарот и за акутни состојби пратени со вознемиреност и страв како што се сообраќајни несреќи, инфаркт на срцето, акутни шокови од психички и механички карактер и така натаму.

Како заклучок може да се каже дека во процената на можноста за хомеопатски третман на секое заболување треба да се контактира со хомеопат, кој најдобро е оспособен да ја оцени актуелната состојба и да даде прогноза и проценка успешноста на лекувањето со хомеопатски метод.